Планот кој не им успеа првично сега сакаат да го спроведат за два месеци од сега. Излегува ли Мијалков од притвор за два месеци? Тоа ли е договорот за негово враќање во Македонија? – велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив случајот “Таргет-тврдина” само потврдил дека во Македонија владее хибриден режим и државата е до гуша во корупција и криминал.

Нема правда и правичност, туку во земјата се случуваат политички пазарења и пресуди. И сето тоа е по наредба која доаѓа од еден центар, а тоа е Заев и СДСМ. Државата ја приватизираа Заев и пријателите. Функционира коалицијата на криминалот. Сите заедно, на едно место сплотени ги држи парата, желбата за власт и моќта да контролираат се, а притоа да не одговараат. Република Македонија не е правна држава, таа е картел на мафијата предводена од Заев. Додека Заев е на чело на СДСМ и на чело на државата нема да има правда, затоа што тој е главен промотор на криминалот. Заради крими коалицијата Заев – Мијалков тонеме во корупција, а на листата на Транспаренси сме на 111 место – коментираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.