Димитар Ковачевски е обичен пион и портпарол на губитникот Зоран Заев. Тој ги користи истите излитени фрази, истите манипулации и истите политички флоскули како неговиот ментор Заев. Очигледно се работи за опачина на истата паричка. СДСМ не ја сфатија пораката од народот кој ги казни за криминалот и корупцијата, туку се обидуваат со обична шминка да се замаскираат. Тоа впрочем се гледа во октроирањето на Ковачевски за замена на Заев, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, Ковачевски е „дете на олигархијата“ од транзицијата и мрачното време на приватизацијата.

Во тоа време елитата крадеше, а народот осиромашуваше, а гледаме дека истото се случува и сега. Впрочем и самиот Ковачевски како одговорен во министерството за финансии тоа го гледаше и одобруваше, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека затоа Зоран Заев го избра токму него, а целиот овој процес за наводен избор во СДСМ е само обичен театар и фарса.

Изборот на Заев за негов наследник, заробената и приватизирана партија само треба да го аминува.Заев заминува, но заевизмот во СДСМ останува, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.