Oд ВМРО-ДПМНЕ јавно прашуваат што содржи нон-пејперот кој преговарачот Бучковски вчера му го предал на бугарскиот премиер Бојко Борисов и од која институција во државата бил одобрен истиот.

Дали за тој нон-пејпер Заев ја информирал Владата или претседателот на државата? Какви се тие гаранции кои Заев му ги дава на Бојко и што содржат? Овие прашања заслужуваат одговор, особено ако се знае дека Зоран Заев ја понижи Македонија и македонскиот народ, тргувајќи со идентитетот, историјата и јазикот, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека залудни се ненадејните изблици на лажен патриотизам кај Заев, сега кога Македонија го доби ветото, бидејќи само пред неколку недели велел дека е блиску до договор со Бугарија во кој, според партијата, на маса била и придавката „македонски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.