Вчера вечер ВМРО-ДПМНЕ организираше трибини на тема состојбите во образованието на кои говореа проф. д-р Весна Јаневска, вон. Проф. Томе Димовски, проф. д-р Никита Шекутовска, и доц. Д-р Викторија Трајков.

Пред присутните проф. д-р Јаневска која воедно е и претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе вистински реформи во образованието кои ќе значат подигање на дигнитетот на наставниците и зачувување на посебните предмети.

-Ќе спроведуваме вистински реформи со зачувани посебни предмети, ќе го вратиме дигнитетот на наставниците, не де откажуваме од идентитетот, јазикот, културата. Потрошените средства од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се видливи. ВМРО-ДПМНЕ е државнотворна партија која ја негува културата традицијата и историјата а СДСМ ја распродава. Ќе ги блокираме сите закони кои сметаме дека се штетни. ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот додека СДСМ се раководи од гласот на парите., децидна е Јаневска.

Според проф. д-р Димовски дигитализацијата која ја најави Мила Царовска значи дискриминација, додека пак проф. д-р Шекутковски пред присутните посочи дека толку се неспособни што ниту државната матура не можат да ја спроведат.

Доц. д-р Викторија Трајков пак рече дека со непостоечки достигнувања, непостоечки публикации, непостоечка цитираност на нивните ,,мудри“ мисли кои претпоставено ги имаат, не можат да бидат луѓе кои ќе сменат нешто на подобро.

На трибината беше присутна и пратеничката во Собранието проф. д-р Силвана Ангелевска која додаде дека во собранието се води вистинска битка против штетните реформи на царовска, се злоупотребува европското знаменце за носење на закони по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.