На покана на претседателот на партијата Демократски сили на Ромите Шабан Салиу претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на состанокот на претседателството на партијата.

Донесена е одлука на локалните избори ДСР да настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со безусловна поддршка на кандидатите за градоначалници кои што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи. Нормално, учество на партијата Демократски сили на Ромите предводена од мојот драг пријател Шабан Салиу на советничките листи кои што исто така ќе бидат дел од следните локални избори, рече Мицкоски задоволен од одлуката на ДСР.

Коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде составена од прогресивни политички сили од македонската политичка сцена без разлика дали се од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите. Ги повикувам да се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија. Да го промениме овој хибриден режим и навистина да владее правото, навистина да се бориме бескомпромисно со криминалот и корупцијата, за силна економија, за сериозни реформи во здравството, во образованието, да одиме напред бидејќи сите одат напред, само за жал Македонија предводена од овој хибриден режим на СДСМ и Зоран Заев стагнира и уназадува, рече Мицкоски по состанокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.