ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви своја верзија на Законот за јавно обвинителство, а потоа овој предлог ќе биде дискутиран на ниво на работни групи, дознава „Алфа ТВ“.

Денеска Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и советникот на Заев, Маричиќ разговараа разликите околу законот за јавно обвинителство. Извори во ВМРО-ДПМНЕ за Алфа велат дека камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение со кое не се гарантира независно јавно обвинителство кое не е подложно на политички злоупотреби.

Се очекува разоговорите меѓу двете страни да продолжат во следните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.