Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестниот марш во Велес потсети дека власта ветуваше 100.000 денари просечна плата за лекарите, но не само што не ја добија, туку и оние 5% од линеарното покачување на платите што им бешше, исто така, ветено, сега им го земаат со поскапувањето на паркингот во клиничкиот круг.

Лекарите се излажани и измамени од овој аболициран политичар и затоа ќе штрајкуваат. Затоа и ќе им се придружиме и ќе ги поддржиме, рече Мицкоски.

Тој потсети и на ветувањето пацинетите секогаш на прво место.

Луѓето умираат пред портите на болниците, затоа што не се привилигирани како овие од оваа влада кои ни шајка не заковаа во здравствените домови. Не супеаја ниту да го искречат она што некој друг го изградил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.