Се што ќе вети, ВМРО-ДПМНЕ  ќе исполни по 12 април, кога ќе ја формира својата влада ќе започне со реализирање на проекти за доброто на граѓаните, се вели во денешното соопштение до јавноста на партијата.

Еден од проектите кои што ќе бидат приоритет на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гасификацијата. Како за домаќинствата, така и медицинските центри ќе бидат гасифицирани, сè со цел намалување на загадувањето кое во изминатите години се забележуваше во институциите, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека приоритетни медицински центри кои ќе бидат први гасифицирани се Клиничкиот Центар во Скопје, болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово.

Котларите кои во најголемиот дел од болниците долги години наназад претставуваа загадувач, сега ќе бидат во функција на болниците без при тоа да се загадува. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува по 12 април со сиот свој капацитет да се заложи за подобрување на здравствениот систем во Република Македонија, како и модернизирање на болниците и болничките капацитети кои се од огромно значење на граѓаните, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните заслужуваат силно и стабилно здравство кое ќе биде на располагање секогаш кога тоа ќе биде потребно, а тоа ќе го добијат по 12 април по формирањето на новата влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.