Наместо да збори за ланскиот снег, и за работи пред 10 години, нека објасни како е можно сега денес да земаат плата функционери чии имиња не се ни знаат и никој не знае што сработиле, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Каевски е паразит, да објасни како на 30 години стекнал стан и 4.000.000 денари на сметка.

Како со пратеничка плата се стекнуваат 62м2 стан и 4.000.000 денари на сметка, и тоа само со пратеничка плата и плата како директор на АМС за нецел мандат.

Додека Каевски трупал имот фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието.

Каевски и татко му се паразити на општество, кои немаат никаков придонес и треба да ги вратат парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.