ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка и да утврди колку пари се испумпани со судир на интереси, велат од ВМРО ДПМНЕ.

УО на ЈП Лајка е полна со луќе кои се членови на управниот одбор, но и вработени или ангажирани во други институции кои даваат услуги на ЈП Лајка. Савовски и Илиевски можат да влијаат на процесите и договорите за набавка и затоа или не треба да бидат дел од УО на ЈП Лајка или да не даваат услуги на претпријатието. ДКСК да отвори случај и да провери колку пари се испумпани од ЈП Лајка преку судир на интереси, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ начинот на кој што работи ЈП Лајка е начин на кој што работи СДСМ, со судир на интереси и злоупотреба на парите на граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.