Граѓаните не знаат како да си ги вратат заработените пари од Еуростаднард банка, која пропадна и е дел крими афера во која е вмешан врвот на власта тешка 200 милиони евра. Нина Ангеловска, како министерката за финансии наместо да се грижи за народот и економијата, на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стоејќи пред станбен објект во кој, како се верува, Ангеловска купила стан.

Според него, илјадници пензионери се во неизвесност како и дали ќе земат пензии, илјадници граѓани се туркаат по банки за да отворат сметки е малтретираат оние кои што можат да отвораат нови сметки среде лето и во ек на смртоносна епидемија. Сето ова можеше да се спречи доколку Нина Ангеловска наместо за својот повеќе се грижеше за интересот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.