ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата за политички сиситем, каде прва точка е кривичниот законик. Од пратеничката група соопштија дека нема да учествуваат во расправата за оваа точка, но ќе се вратат за другите.

ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека нема да учествува на собраниската дебата за Кривичниот законик бидејќи тоа за партијата ќе значи уривање на правната држава и тргување со правото. Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на кривичниот законик. „За“ гласаа 66 пратеници, а против 18. Од независната пратеничка групаа гласаа „за“, како и владејачкото мнозонство, додека ВМРО-ДПМНЕ беше против.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.