СДСМ ги дели луѓето на граѓани од прв и втор ред, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека оваа поделба е фактичка и е директен производ на однесувањето на власта на СДСМ и Заев.

Граѓани од прв и од втор ред е ситуацијата во која половина милион луѓе живеат со едвај 150 денари на ден, а функционерите од власта и луѓето околу нив одат на скапи одмори, возат луксузни возила, мотори и јахти.

Граѓани од прв и втор ред е кога стотици илјади луѓе не може да стигнат до вакцина против КОВИД, не се ниту вакцинирани, додека власта, нејзините семејства и блиски се вакцинираат пред сите други возрасни, хронично болни, мајки, трудници, па не само што се вакцинирани туку и веќе се ревакцинирани.

СДСМ создава голем јаз помеѓу луѓето. На поделбите мора да им се стави крај. Привилегирани не смее да има, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во наредниот период ќе ги посетат сите градови и региони, селата и голем број населени места каде директно ќе им ја објаснат на луѓето нивната стратегија и политика за сите луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ ќе им објасни на луѓето како планира да ја крене економијата, да ја запре апатијата, да креира нови работни места. Ќе објасниме и како за здравството планираме фокусот да ни биде во докторите, а во земјоделието во земјоделците и создавање на подобри услови за нив.

Ќе ставиме фокус на образованието, и ќе се обврземе на квалитет. А во поглед на инфраструктурата планираме инвестиции и нови проекти.

Време е да се стави крај на политиките на демагогии и празни флоскули кои во изминатиов период ги тера СДСМ. Време е за работа.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, порачуваат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.