Соопштението на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев е исто како да го пишувал Зоран Заев, со политички оценки, а без правни аргументи и ги оправдува уште еднаш епитетите за „Сваровски“, „Луј Витон“, „Трас трас” судство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на судот.

Џолев во суштина признава дека незаконски има судија поротник (Митко Сандев) кој активно постапува во судските случаеви надвор од пропишаниот закон. Признавајќи ја вината за незаконското делување и постапување на судијата поротник, тој ја префрла целата вина на Судскиот Совет, кој пак имаше седница пред само два дена и разреши судија поротник за токму истата причина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Џолев признал дека денешното рочиште за случајот „Талир“ е незаконито, вклучително и казната за ВМРО-ДПМНЕ е неоснована.

ВМРО-ДПМНЕ денеска беше казнето парично само затоа што бараше судијата Осман Шабани да го почитува законот, велат од партијатa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.