Предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ изнесува околу 65 илјади гласови, покажала анкета направена од Институтот за политички истражувања ИПИС.

На прашањето за која партија би гласале, дури 24,1 процент од анкетираните грсѓани одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 проценти тоа би го сториле за СДСМ. Пресметано во број на гласови, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ би имало околу 65.000 повеќе од СДСМ.

„Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС“, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.