Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на денешните ковид-бројки, соопшти дека има многу причини министерот Венко Филипче до утре да поднесе оставка.

Денеска имаме 39 мртви од КОВИД 19. Секој ден бројот на умрени наши сограѓани расте. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, ако не се чека со денови за тестирање и резултати. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, доколку во болниците имаше поголем капацитет. Нови 1,273 заболени за само еден ден. Денеска 1,273 заразени и 39 мртви, Филипче и Заев не се откажуваат од корона избори во Штип и Пласница, велат од ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.