ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се очекува и денеска да се консултираат околу предлогот на опозицијата за технички министер за внатрешни работи. Премиерот во заминување вчера рече дека предлогот е спорен бидејќи тој е воено лице, а потребно е да биде цивил најмалку три години.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак вчера кажа дека станува збор за врвен професионалец со богата биографија.

Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава-објасни Мицкоски.

За ова свој став имааше и експертската јавност. Професорката Гордана Силјановска Давкова истакна дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но преседани и порано имало

Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со органот за вантрешни работи, односно со Министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана, може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната потребно е да пиминат најмалку три години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или министер за народна одбрана. Значи тала вели членот 97. Има држави како Турција или руската федерација, Азербејџан каде што и воени лица можат да бидат на чело на министерството за одбрана. Но она што јас сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседаните, еве помнам дека некогаш беше министер за вантрешни работи господинот Силјан Аврамовски на него не е примени членот 97, истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик министерот за одбрана господинот Беким Максути. Во 2017 можеше познавачите на Уставното право ревносно да реагираат укажувајки дека треба да се почитува членот 97, изјави Слијановска Давкова.

Од друга страна Дескоска призна дека во Владата има противуставни функционери?

А Ременски исто така потврди дека досега не било проблем да се поставуваат безбедњаци за министри

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.