ВМРО-ДПМНЕ го обвини Артан Груби дека лаже кога вели дека разговарале со опозициски пратеници и дека наводно дел од нив биле подготвени да гласаат за уставните измени.

-Соочени со секојдневните неуспеси и порази на секое поле, владата на Ковачевски се обидува очајно да направи дефокус . Тоа што нема учебници во образованието, тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст. Тоа што се до гуша заглавени во криминал, се обидуваат да го покријат со лажни вести.

Редот да шири лаги денес му е на Артан Груби.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски.

Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми, велат од опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.