Глупостите на Филипче и Заев не завршуваат, туку комплетно предизвикуваат хаос. На пример, како невакциниран вработен во угостителски објект кој е потенцијален ризик за пренос на ковид-19, а може да ги служи гостите, се нагласува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со новите антиковид мерки.

Соопштението го објавуваме во целост:

Венко Филипче и Зоран Заев се разбудија од зимски сон и им текна дека не одело тоа така во кафулиња и ресторани да влегуваат лица само кои се вакцинирани.

Им текна дека мерките не се на место, дека се дискриминаторски и фашизоидни. Тоа им го кажаа и граѓаните излегувајќи на улица, изразувајќи револт.

И сега откако стапи на сила тоа што тие си го замислуваа има кафулиња и ресторни кои не работат, секторот трпи, промет нема, луѓето немаат работа.

Сликата од првиот ден е, нема јасни насоки за угостителите, угостителите не можат да ангажираат нови лица, веќе вработените што попрво да прават, угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги излажал и слично.

Глупостите на Филипче и Заев не завршуваат, туку комплетно предизвикуваат хаос. На пример, како невакциниран вработен во угостителски објект кој е потенцијален ризик за пренос на ковид-19, а може да ги служи гостите.

Сега Филипче промовира нови мерки, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае ниту тоа кога ќе почне да се применува.

Да смислат мерки кои ќе спречат ширење на корона не ги бива, ама за земање провизии се махери.

Но, времето на Заев и Филипче помина. Од нив никој ништо не очекува, единствено да прекинат да ги извршуваат функциите со што ќе се спаси народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.