Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните да предложат проекти кои ќе бидат вклучени во наредната година.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ преку видео објавено на неговата страница на фејсбук упати повик до сите граѓани да се вклучат со своите идеи во реализација на промените.

Ве повикуваме да се вклучите и да придонесете со Вашите идеи во реализацијата на промените.
Општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја имаат одговорноста да управуваат со процесите ќе ги отвориме во наредните два викенди, каде ќе има отворени денови и од 11 до 14 часот и каде граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за наредната буџетска година, и воедно да им бидат презентирани плановите и проектите кои веќе се испланирани за наредната година.
Ќе може лично да предложите идеа, но и ќе има можност и он лајн преку web страната budzet.mk.
Буџет од народот за народот.
БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ ШТО НОСАТ ИДНИНА!, објави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.