ВМРО-ДПМНЕ ги отвора штабовите за граѓаните, најави денеска од Кисела Вода претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата со граѓаните на Кисела Вода Мицкоски изрази задоволство што интересот на граѓаните е голем и што постои огромна поддршка за обнова на Македонија.

Од денеска штабовите на ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани. Ќе ги пречекаат активистите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе ги сослушаат за нивните секојдневни проблеми и ќе ги запишат. Од викендот, пак, започнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за реалните проблеми кои се дел од сечие секојдневие, рече Мицкоски.


Тој ги информира жителите на Кисела Вода дека досега повеќе од 15.000 сограѓани ги кажале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно. Во следниот период очекува уште поголем број граѓани да пристапат.

Нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи проблеми што ги доставуваат нашите сограѓани и ќе бидат содржани и во нашата предизборна програма, додаде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.