ВМРО-ДПМНЕ ги осуди демантира тврдењата кажани во текот на вчерашната емисија „360 степени“ на ТВ Алсат од Даниела Рангелова и Нола Исмајлоска.

Ние како пратеници нема да дозволиме и силно ќе се бориме против машинеријата за ширење на лажни вести на СДСМ за да се изнесуваат вакви груби лаги и манипулации кои имаат за цел да внесат конфузија кај македонската јавност во период кога се наближува 12ти арпил, денот кога ВМРО – ДПМНЕ ќе оствари голема победа, а Заев и СДСМ неславно ќе заминат од власт.

Од нас како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и од сите останати кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ секогаш било барано да прифатат само два принципи, и тоа: првиот, секогаш да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни претставници и пратеници во Собранието на Република Македонија, и второ, секогаш да ја почитуваат волјата на народот изразена на законски организиран референдум.

Оттука, секој пратеник од нашата пратеничка група, како и гласачите, така и целата македонска јавност најдобро знаат кој ја оправдал доделената доверба на народот, а кој го изиграл и ја злоупотребил неговата доверба.

Затоа, уште еднаш апелираме и ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации, дрски лаги и манпулации и бараме во иднина некои политичарите своите политички одлуки, потези и совест да ги правдаат преку свои факти и аргументи, а не преку грбот на своите сегашни и поранешни колеги и сопартијци користејќи вакви дрски и навредливи методи.

Сепак, на крајот од денот, секој со своите постапки во и надвор од Собранието на Република Македонија, покажа и покажува за што се залага и бори, а македонската јавност тоа будно го следи и многу добро го знае“, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.