Тестот за коронавирусот во Институтот за јавно здравје чини 4.950 денари. Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, ова е сумата што Фондот за здравство ја наплаќа од Министерството за здравство, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на фотографијата од Институтот за јавно здравје за вирусот ковид-19 паѓала во очи цената на тест кој чини 4.950 денари.

Според Арсовски, ова би било нормално доколку тестовите во приватните клиники чинат исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку, односно 1 200 и 1 500 денари по тест. Разликата во цените, рече, е огромна, односно изнесува дури 3 750 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.