На синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата, потврдена е одлуката за утрешниот протест, а именувани се и претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение информираше за вчерашните одлуки на Извршниот комитет, кој одржал седница вчеравечер.

Една од одлуките која ја донел е формирање Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ што ќе го води Александар Пандов, како што се вели, долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции и ја потврдил одлуката за утрешниот протест, најавен против покачувањето на цената на струјата.

Исто така, именувани се и нови 14 претседатели на општинските партиски комитети:

1. ОК Конче Ацо Митов

2. ОК Валандово Дејан Бошков

3. ОК Демир Капија Александар Галапчев

4. ОК Росоман Тихомир Николов

5. ОК Могила Драган Саботковски

6. ОК Кривогаштани Виктор Деспотовски

7. ОК Долнени Дејан Змејкоски

8. ОК Демир Хисар Никола Најдовски

9. ОК Охрид Сашо Донев

10. ОК Дебарца Саше Силјановски

11. ОК Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски

12. ОК Пласница Луме Адемоглу

13. ОК Јегуновце Димитар Костадиновски

14. ОК Тетово Ангел Карапетров

Исто така, именувани се и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Кадровските одлуки, како што се наведува во соопштението, се дел од „процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.