Венко Филипче сега лаже и за фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините против корона. Додека граѓаните во Европа и светот се вакцинираат против корона, бираат со каква вакцина сакаат да се вакцинираат, Филипче не може да набави фрижидери за чување на вакцините, а нема ни вакцини.

Ова денеска го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека кон средината на декември министерот Филипче изјавил оти фрижидерите ќе стигнат кон средината на јануари, а викендов рече дека два се веќе обезбедени.

-Повторно лаже! Фрижидери уште нема! Филипче рече дека ќе има околу милион и двесте илјади вакцини или 800 илјади дози од Фајзер, по отприлика исто толку од КОВАКС механизмот и преку Европската делегација. Ама и нив ги нема. Освен лаги од Филипче нема ништо друго. Нема ни трага ни глас и од долгонајавуваните вакцини. Филипче вели не стигнале доволно колични на вакцини од Фајзер во земјите челенки на ЕУ, затоа немало и за нас. Си кажа и дека нема се уште ни договор со Фајзер или „за кратко време договорот ќе биде склучен“. А според Филипче целосно е подготвен системот во однос на складирање, план на дистрибуција, идентификување на критични групи според приоритет. А како тоа се е подготвено кога нема доволно фрижидери за складирање, а нема ни што да складира – нема вакцини! Филипче ниту го подгототви здравствениот систем да одговори на пандемијата, не набави соодветни лекови, лаже за вакцините, лаже за фрижидерите во кои треба да се скалидираат истите, се вели во дописот.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема и ја плаќаат граѓаните со својот живот. Оттаму бараат одговорност и оставка од Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.