Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес гостуваше во „Отворено Студио“ каде што посочи дека не треба да има сега за сега брзи избори бидејќи според резултатите на заболени и починати од корона вирусот се уште е рано.

Лидерската средба, оваа денешната втората и од минатата недела беше најмногу на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, ние секако бараме да стигнеме до некаков заеднички заклучок и заедничко решение кое што ќе понуди излез од оваа криза, во која што завлеговме. Се разбира основен причинител е корона пандемијата која што ја зафати Македонија, но за жал и вторава средба денешна што заврши пред еден час од изјавите што можевме да ги слушнеме од сите лидери кои што присуствуваа на неа резултатот е без исход“, појасни Стојаноска.

Стојаноска додаде дека на средбата денес се понудиле различни датуми за одржување на избори. Датумите се од 21 јуни до 13-ти септември.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ се менува исклучиво како што се менува состојбата со корона кризата. Сведоци сме дека изминатите три дена вклучително и денешниот имаме доста заболени. Имаме резултат заболени од вчера 30 со 3 починати. А, денес 23 до тројца починати. Просекот на починати по ден ни е еден ипол. Значи ние токму во овие денови го надминуваме просекот на починати. Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ не избегнува од избори, ние сме за избори, но за избори кои што ќе го гарантираат здравјето на граѓаните“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска посочи дека за жал според сегашните резултати на заболени и починати може да се забележи дека се уште е рано за да се оди на брзи избори, никако во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.