Дезертерот Ковачевски не треба да манипулира со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е за заштита на државните интереси, а против предавствата на дезертерот Ковачевски и неговиот ментор Заев. Ковачевски има проблем со поимањето што е државен интерес. Не е државен интерес да смениш име, да потпишеш капитулација со Бугарија, а тоа да го преставуваш за врвен дострел. Но државен интерес е да ја внесе државата во ЕУ со заштитен идентитет, да има нормални односи со соседите, да се промовира македонскиот идентитет, работи кои не ги прави дезертерот Ковачевски, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Дезертерот Ковачевски треба да се фокусира кон економијата која пропаѓа, кризата со струја која се продлабочува и да се заштити народот од инфлацијата која галопира. Тоа треба да го прави дезертерот Ковачевски. Впрочем што друго се очекува од човекот кој лажел и се пишал за неспособен само да не оди во војска, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.