ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, а Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада.

Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата. Оние кои 4 месеци на оглас откриваат кој ја гради дивоградбата во Мавровка која никне пред очите на целата јавност сега ќе управуваат со буџетот на сите, ќе ја злоупотребуваат и крадат иднината на сите. Ваква крими коалиција е новото цунами во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.