Во пресрет на изборниот молк кој започнува од полноќ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил порача: ВМРО ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!

ВМРО ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!🇲🇰

Поминавме насекаде низ нашата мила татковина со една цел и една идеа, а тоа е ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!!!

Благодарност до секој еден член и симпатизер на ВМРО ДПМНЕ што се сплоти и ја даде својата енергија за организацијата и за татковината, но најголемата благодарност до сите граѓани што ни ги отворија портите и домовите, бидејќи со таа енергија, позитивен коментар, тоа добредојде а секако и критика, ВМРО ДПМНЕ се врати таму каде што припаѓа, а тоа е меѓу народот, на улиците, маалата, селата и градовите. ВМРО ДПМНЕ се сплоти и уште повеќе ќе зајакува бидејќи со целиот терор и прогон што го направи оваа власт не направи уште посилни и обединети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.