Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана. Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата? Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор? Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија? Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?, прашуваат од партијата.

Од партијата додаваат дека вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?

Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна. Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.