Зоран Заев ветуваше Европска унија, бесплатно здравство и високо образование, а најголем дострел му е писмо за Отворен Балкан, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Ковачевски, велат оттаму, треба да одговорат дали „Отворен Балкан“ е замената за Европската Унија која е јасно дека со оваа влада станува недостижна цел.

„Отворен Балкан“ не може да биде замена за Европската унија. Добра е регионалната соработка, но Отворениот Балкан не смее да биде прифатен за утешна награда како замена за стратешките цели кон кои цели државата, додаваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.