Зоран Заев е главата на октопод во рекетарската приказна. СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале Кики и Фрики? Зошто Заев ги амнестира од одговорност? Дали се плаши дека доколку каже кој се Кики и Фрики може да биде откриено неговото директно учество во рекетарската приказна а граѓаните да дознаат колкав процент земал? СДСМ да ги извади розевите наочари и да види дека во Македонија освен рекетот, криминалот, корупцијата, заканите, уцените и поткупот, друго ништо не функционира – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните со оваа криминална влада живеат се полошо.

СДСМ и Заев се свесни дека им паѓа рејтингот и се плашат да распишат предвремени парламентарни избори. СДСМ и Заев се плашат да се соочат со волјата на граѓаните. За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора да си заминат.
Граѓаните и Македонија заслужуваат промена – велат од партијата, како реакција на соопштението кое претходно го исшрати владејачката СДСМ.

Претходно СДСМ испрати соопшѕение домедиумите во кое обвинува дека Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата.

-Мицкоски бега од лидерска. Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата – велат од СДСМ.

Тие во соопштението посочуваат дека сега било време кога функционира правосудниот систем во државата и има неселективна правда,и сите биле еднакви пред законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.