Зоран Заев е промотор и заштитник на криминалот. Зоран Заев е глава на октоподот. Единствениот три пати аболициран политичар во Европа до вчера ја форсираше и штитеше Катица Јанева која ги извршуваше неговите нарачки за пресметка до неистомислениците.   Очекуваме истрагата да утврди дали Зоран Заев учествувал во таргетирањето, рекетирањето и прикривањето на изнудите врз бизнисмените и колкав процент од рекетот има земено, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е ова причината што се крие идентитетот на Кики и Фрики и истите во моментов се изземени од истрагата? Што знаат Кики и Фрики за криминалите на Заев, па тој не сака да ги открие своите високи функционери и соработници. Ако постои правна држава ќе се докаже вмешаноста на врхушката на СДСМ во скандалот што ја потресе Република Македонија. Обвинителството доколку не е во рацете на власта ќе постапи во името на правото и правдата. Самите материјали кои ги поседува обвинителството ќе дадат одговор кои се се замешани во оваа афера, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и додава дека останува фокусирана на реформите бидејќи реформите се важни за Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ повтори дека бара одржување на предвремени парламентарни избори во име на демократијата и во име на правдата. Време е да се стави крај на вакви корумпирани луѓе за да можеме да продолжиме да се градиме како држава која ќе нуди иднина за секој граѓанин, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, во реакција на прес-конференцијата на Костандин Костадинов ВМРО-ДПМНЕ го праша портпаролот на владејачката партија што договарал Костадин Костадинов на средбите што ги имал со Боки 13.

Дали за рекетот бил информиран неговиот шеф Зоран Заев и колкав процент се двоел, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата побарааа одговорност од Костадинов и Заев и сите кои му обезбедувале грб и му давале кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува
пари цел изминат период и сите криминалци од СДСМ кои ги злоупотребуваат институциите за лично богатење.

Костадин Костадинов и неговиот шеф аболицираниот криминалец Зоран Заев веќе немаат кредибилитет да говорат за правда, стои во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.