Зоран Заев ја окупирал СДСМ за свои лични и бизнис интереси. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа не го говори само јавноста, туку за тоа се свесни и дел од членовите на неговата партија.

Последните информации кои излегоа во јавноста само покажуваат дека веќе ни членовите на СДСМ не веруваат во демократските капацитети на Заев и во неговите лаги за владеење на правото и подобар живот, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Јасно како денес се гледа султанизмот кој владее во СДСМ како и хибридниот режим во цела Македонија. Сите оние кои му пркосат ги јаде помрачина, а сите оние кои му се покорни се наградуваат. Шерифлукот кој владее во СДСМ ги направи сите оние кои се блиски до Заев да се чувствуваат над законот и над обичниот човек и мислат дека се што сакаат тоа може да го направат.

Зоран Заев е проблем и за СДСМ и За Македонија. Како што велат во СДСМ „проблеми само се зголемуваат“ говори дека генератор на кризи и проблеми во Македонија стана Заев и кликата околу него. Проблемите на нашето општество се криминалот, корупцијата и хибридниот режим на Заев.

Македонија може да оди напред само ако изворот на проблемите, погазувачот на достоинството на народот и на државата си замине и да биде поразен, а тоа е лично и персонално Заев, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.