ВМРО-ДПМНЕ реагира дека централната власт предводена од СДСМ и ДУИ им прави опструкции на градоначалниците од нејзините редови, а како последен пример наведува дека му биле одземени ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на школи.
Централната власт на СДСМ и ДУИ продолжува со притисоците и опструкциите на градоначалниците кои не се од нивните редови. Последен пример за тоа е Општина Виница, каде централната власт му ги одземаат ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори на училишта. Патем во меѓувреме бидејќи бил истечен мандатот на претходниот директор согласно Закон, градоначалникот именувал вршител на должност директор, а Министерството за образование и наука именува друго лице за директор, без да донесе решение за разрешување на в.д. директорот. Така во исто време има две лица назначени за директор на едно училиште во Виница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, според опозициската партија, е самоволие на централната власт, а штетите ги трпи образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.