Димитар Ковачевски е обичен пиун и портпарол на губитникот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Ковачевски ги користи истите излитени фрази, истите манипулации и истите политички флоскули како неговиот ментор Заев.

Очигледно се работи за опачина на истата паричка. СДСМ не ја сфатија пораката од народот кој ги казни за криминалот и корупцијата, туку се обидуваат со обична шминка да се замаскираат. Тоа впрочем се гледа во октроирањето на Ковачевски за замена на Заев.

 

Ковачевски е „дете на олигархијата“ од транзицијата и мрачното време на приватизацијата. Во тоа време елитата крадеше, а народот осиромашуваше, а гледаме дека истото се случува и сега. Впрочем и самиот Ковачевски како одговорен во министерството за финансии тоа го гледаше и одобруваше.

 

Затоа Зоран Заев го избра токму него, а целиот овој процес за наводен избор во СДСМ е само обичен театар и фарса. Изборот на Заев за негов наследник, заробената и приватизирана партија само треба да го аминува.

 

Заев заминува, но заевизмот во СДСМ останува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.