Повторно се докажа дека Министерот за приватно здравство Венко Филипче не води грижа за здравјето на граѓаните, а таа негрижа се плаќа со човечки животи – реагираше денеска ВМРО- ДПМНЕ по случајот со починатиот пациент поради непримена терапија.
Од опозициската партија велат дека Владата предводена од аболицираниот Зоран Заев е неспособна и ѝ требаше година ипол да ги изготви измените на позитивната листа на лекови, а во меѓувреме пациентите ги губат битките со болестите.
Поради негрижата на министерот за приватно здравство секојдневно се нижат трагедии. СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.
Одговорноста за ова мора да ја сноси министерот. Наместо да се затскрива помеѓу соопштенија треба да излезе, да им се извини на раѓаните и да си даде оставка – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.