Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка, побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и 170, барам оваа точка да биде дополнета од една и единствена причина. Имено, со предлогот за изменување на законот за Владата на Република Македонија се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата, или т.н. Пржинска влада. Сметаме дека оваа одредба и она што излезе од заедничките разговори на лидерската средба помеѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и она што се изјасни СДСМ дека Пржинската влада е нефункционална, а и од она што го имаме разговарано со другите политички субјекти, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го поднесуваме овој предлог-закон од една и единствена причина да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше, рече Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.