ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение порача дека кривична одговорност за загубените животи од коронавирусот мора да има.

Со неспособноста и криминогеноста на СДСМ стотици граѓани ги загубија најблиските. Бројката на заболени од Корона вирусот ја надмина психолошката граница од 4000 заразени наши сограѓани. Во последниот период секој ден имаме од 150 до 200 нови случаи на коронавирус, а СДСМ сè уште мисли како набрзина и шверцерски да организира избори. Вчерашниот ден е најцрн ден од почетокот на пандемијата со 9 починати пациенти. Македонското здравство колабира, а пациентите не може да дојдат на ред за лекување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на изборите тие повторуваат дека имаат два услови: Јасни протоколи за заштита на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна и да воспостави мисија со која ќе ги оценува понатаму изборите и избирачкиот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.