Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии. Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, додаваат од опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.