Анкетите на Прорисрч јасно покажуваат ВМРО-ДПМНЕ со 6.3% пред СДСМ, претседателот Христијан Мицкоски со 5% пред Заев. Анкетата на Прорисрч покажува дека граѓаните во огромен број даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците објавени во медиумите ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка на 26% од испитаниците, по што следува СДСМ со 19,7% – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тие посочуваат дека убедливо губи и Зоран Заев во однос на претседателот Христијан Мицкоски. Имено претседателот Мицкоски ужива доверба кај 15.5% од испитаниците, наспроти Зоран Заев со 10.6%.

Анкетата на Прорисрч јасно ја отсликува и реалноста која е забележлива на терен помеѓу народот, а тоа се гледа и од собирите и митинзите. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води. Промените се на праг. На 17 октомври се свртува нов лист. Време е да создадеме нова иднина – коментираат од партијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.