Заштитата што Зоран Заев и Оливер Спасовски им ја овозможуваат на криминалци и овозможиле издавање македонски пасоши на припадници на српско-црногорската, албанската, турската и италијанската мафија, покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминален нарко-картел исповрзан со мафиите од регионот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само криминалци овозможуваат заштита на криминалци. Таков е случајот и со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Тие од државата направиле Колумбија на Балканот. Овозможиле пасоши на српско-црногорската мафија, албанската, турската и италијанската мафија. И денес Заев и Спасовски овозможуваат заштита на криминалците зошто никој не ги бара и гони за кривично дело.

 

Мрежата на Седат Пекер во Турција се апси, а во Македонија истиот тој шета со заштита од полицијата. Тоа е така зашто Заев е на чело на тој криминален октопод.

 

Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел исповрзан со мафиите од регионот.

 

Што се однесува до Пустец, токму МВР на Спасовски е тоа кое за познати криминалци крадело идентитети на граѓани од Пустец за да ја спаси мафијата – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.