Само еден ден пред сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“, утринава полицијата влезе во неколку негови фирми. Причината за упадот е наводен долг  од над 400.000 евра на сметката од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во април годинава.

Очигледно дека тајмингот за упад во фирмите е намерно одбран пред неговото сведочење пред судот за случајот „Рекет“ каде тој пред судот треба да потврди дека  бил рекетиран од страна на Јовановски и Милевски.

На првото рочиште обвинителката Рускоска напомена дека поседуваат несоборливи докази дека Боки 13 преку Кичеец стапил во контакт со сопругата на Камчев, Ана, а дека Јанева на обвинетите им изнесувала детали од постапката која СЈО ја водела за бизнисменот.

Рускоска посочи и посочи дека тука не станува збор дали некој е виновен туку дека се барале пари да не бидат виновни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.