Лидерската средба меѓу експертските тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предводени од премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, треба да одговори на прашањето дали конечно ќе се постигне доближување на ставовите на власта и опозивијата и ќе се услгласи текстот на Законот за ЈО и дали ќе се постигне одлука за предвремени избори, кои опозицијата ги постави како услов за одржување на средбата.

Речиси три часа трае лидерската средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Неофицијалните информации кои доаѓаат од двете страни велат дека договор засега нема. Преговорите вртат во круг, а преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор.

Власта и опозицијата различно гледаат на идниот статус на СЈО во новиот Закон за јавно обвинителство. Власта бара сите истраги да продолжат онаму каде што застанале,  додека пак опозицијата смета дека тоа треба да важи за истрагите почнати до 30 јуни 2017 година.

Нема договор и за тоа дали Рускоска треба да биде на чело на новото обвинителство и за тоа дали обвинителите на СЈО треба да преминат во новото обвинителство или да се вратат онаму од каде што дошле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.