Вистинското лице на животот што го донесе Зоран Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки, сметаат од најголемата опозициска партија.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доцна синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. Како и вообичаено по секој кривичен настан, Оливер Спасовски и МВР немаат реакција. МВР продолжува да молчи за овој случај, вели Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот напад.

Ваквото однесување покажува дека власта во заминување е исплашена и во паника не бира средства. На ваквото однесување мора да му се стави крај. Професионалците во МВР мора да се одважат и да ги откријат и изведат пред лицето на правдата насилниците и сите оние кои се инволвирани и кои што ја дале наредбата за напад. Ова насилство не смее да остане нерасчистено и покриено како останатите случаи во кои МВР по политичка нарачка ги штитеше криминалците и насилниците.

Зоран Заев и СДСМ се закануваат и ја злоупотребуваат власта. Времето на закани наскоро поминува.

За 10 дена завршува криминално – политичката коалиција на власта. Со заминувањето на Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе има и одговорност за секој еден кој што се огрешил пред законите, заврши Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.