Власта денеска подлегна на притисокот кој ИВЗ веќе извесно време го врши, односно се закани дека нема да почитува полоциски час за Рамазан бајрам. Поглаварот јавно вчера кажа дека верниците ќе одат во Џамија. Па затоа денеска владата донесе одлука полицискиот час да биде од од 11 часот во недела до 05 часот во вторник.

Оттука се поставува прашањето зошто власта ги остави православните верници без можноста во црква да го празнуваат најголемиот христијански празник Велигден. И во овој случај беше побарано од власта да им се овозможи на верниците посета на светите храмови низ земјава, како и присуство на литургиите, но тогаш владиците кои канеа да се оди во црква беа предмет на жесток напад, навреди и жигосување. Додека сега сме сведоци дека владата го прифати ултиматумот на ИВЗ. Ова е уште еден доказ дека истите правила не важат за сите, православните христијани го дочекаа Велигден со свеќи на своите балкони, додека муслиманските верници својата молитва во 05:30 часот во недела ќе ја кажат во џамиите низ земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.