Власта не се откажува од предизборното полнење на администрацијата. Во моментов има повеќе од 30 отворени огласи за вработување, а не минува недела да не се појави нов оглас за во некоја институција.

Министерот Манчевски пак тука не гледа ништо спорно затоа што изборите се уште не биле распишани. А, администрацијата имала потреба од вработувања.

Цело време има активни огласи за вработување без разлика дали е во предизборие или не.. да ве потсетам на изборниот законик ние не сме во предизборен период, ние знаевме дека ќе има избори во 2020-та и лани што значеше тоа дека цела година требаше да не вработуваме?!“, изјави Дамјан Манчевски- министер за информатичко општество и администрација.

Од друга страна СДСМ додека беше во опозиција постојано ја обвинуваше предходната власт за полнењето на администрацијата, пред се за предизборниот период и тоа исто во време кога официјално не беа распишани тогашните избори.

Се чини дека она за што како опозиција им сметаше и го критикуваа, сега од позиција на власт го применуваат.

Не поминува недела, а да не се појави оглас за вработување, дури во дел од нив постојат и одредени нелогичности. Во некои од јавните огласи се бараат лица за одредено место кои и не мора да ги поседуваат предвидените квалификациите.

Инаку, денеска министерот презентираше и дел од анализите на ИПА проектот кој предвидува трансфер на вработени од јавен во прифатен сектор под оправдување дека платите во администрацијата не се атрактивни во однос на приватниот.

извор: ТВ Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.