Вистинината испадна на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има.

Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот.

Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави Уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на Македонските граѓани и Македонија.

 

Соочен со реалноста и исплашен од предвреми парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избегаа од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз.

 

Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори.

 

Власта пак упорно изјавува дека имаат доволно пратеници за да почне постапката за внесувањре на Бугарите во Уставот. Без тој услов нема почеток на преговоритите со ЕУ, иако премиерот Ковачевски вели дека тие се почнати – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.