Власта на Заев не трпи критика и исмевање, ни медиумски, ни локално. Тоа е суштинската причина зошто полицијата денес со употреба на сила го растури Вевчанскиот карневал, традиција постара од 1.300 години, во која на духовит начин се критикувала секоја власт, пишува на Фејсбук Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Карневалот во Вевчани е на отворено и под маски, исто како што на отворено играа госпоѓите од “Џерусалем-Прилеп-транс”, но вториот настан не беше растурен од полицијата затоа што таму денсаше и градоначалникот на СДСМ заедно со директорките од партијата, во пофалба на власта.
Престапот на маскираните Вевчанци бил што и по 1.000 години се “дрзнале” да ја критикуваат власта која не поднесува критики. Затоа пендрек!

Крсто, по замолница на министерот за внатрешни, бил маскиран во специјалец и помогнал колку што можел, пишува Милошоски.

Од МВР се огласија за настаните велејќи дека сакале да спречат поголемо групирање затоа што на сила се мерките за спречување на пандемијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.