Претставници од власта и опозицијата седнаа на заедничка маса во обид за договор за новиот закон за обвинителство, со кој треба да се реши и иднината на СЈО. Денешната средба е прва по одморите, откако на последниот состанок не успеаа да ги приближат ставовите.

Oпозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од обвинителката Вилма Русковска.

Новиот предлог закон за обвинителство утре е на дневен ред на собраниска седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.